еМагазин
Image default
Македонија

Под прашалник почетокот на учебната година: СОНК најавува предупредувачки протест

Неизвесен е почетокот на новата учебна година откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) најави предупредувачки протест со барање за зголемување на платите.

„Од констатираната социјална состојба кај вработените во основното и средно образование и изјаснувањето на синдикалните организации на СОНК по однос на Заклучоците од 18-та седница на Советот на СОНК, неминовен беше заклучокот дека најавеното зголемување на септемвриската плата од 5% не е доволен и смета дека процентот на зголемување на платите треба да е во согласност на процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво, односно севкупно за 25%.

Од погоре наведените причини, доколку до 1-ви септември не се изнајде решение или утврди терминот на зголемување на платите во овие дејности, Советот на СОНК донесе едногласна Одлука во дејностите основно и средно образование, на првиот училишен ден, 2-ри септември да се одржи еднодневен предупредувачки штрајк“, соопшти СОНК.

Советот на СОНК, исто така, побара да се интензивираат преговорите со МОН, а најдоцна до крајот на месец септември, оваа година, да се утврди процентот на зголемување на платите кај вработените во сите сфери на образованието, како и утврдување на терминот и процентот за зголемување на платите за 2020 година.

„Доколку до предвидениот термин не се најде прифатливо решение, Советот на СОНК на почетокот на месец октомври ќе одржи седница на која ќе се утврдат идните чекори, не исклучувајќи го генералниот штрајк во сите степени на образование“, соопштија од синдикатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Средба на Иванов со генералниот сектетар на ОН, Гутереш: Македонскиот народ сам да ја донесе одлуката на референдумот

Редакција

Убава вест: Оздравени 479 пациенти болни од Ковид-19, од Скопје 358

Редакција