еМагазин
Image default
Македонија

Поднесени амандмани за азилот на Груевски во извештајот на Европскиот парламент за Македонија

Групата на европските социјалдемократи и на зелените поднесоа амандмани за бегството на Никола Груевски во извештајот за Македонија, за кој ќе се гласа идната недела.

Извештајот за Македонија беше усвоен во Комисијата за надворешни работи пред неколку недели, но последниот развој на настаните со бегството на Никола Груевски во Унгарија ги наведе социјалдемократите и зелените да поднесат нови амандман во резолуцијата на известувачот Иво Вајгл, за која ЕП во пленарен состав ќе гласа на 29 ноември.

– Македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски систем. Се повикува Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстрадираат Никола Груевски во Скопје.

Се очекува сите засеганти страни да се однесуваат строго согласно релевантните национални и меѓународни закони, истакнува дека овие судски процеси не треба да се политизираат, гласи амандманот на социјалдемократите.

Тие во друг амандман бараат извештајот исто така да нагласи дека „по транспарентен судски процес, Никола Груевски е осуден од македонските судови за злоупотреба на функција на две години затвор, дека повеќе судови ја потврдија пресудата и одлуката влезе на сила откако ги искористија сите права на жалби, дека е обвинет во четири други кривични премети и пет други кривични истраги во кој тој е инволиварен се во тек“, пишуваат социјалдемократите.

Што се однесува до парламентарната група на зелените, тој е поднесен од страна на Јудит Саргентини, известувачката на Европскиот парламент за владеењето на правото во Унгарија.

„Ги повикуваме унгарските власт да ги дадат сите релевантни информации и потребни објаснувања кои се однесуваат на случајот со поранешниот македонски премиер Груевски кој избега од својата земја со тајна дипломатска поддршка од Унгарија за да избегне затворска казна.

Се смета дека ова е случај на мешање во внатрешните работи на ПЈРМ и, посебно, чин на презир кон судството и владеењето на правото во оваа земја. Се нотираат барањата за екстрадиција од страна на властите во Скопје и се очекува Унгарија да се однесува стриктно согласно националните и меѓународните закони со тоа што ќе одговори позитивно на ова барање“, стои во амандманот на Зелените.

Засега е неизвесно дали и кои од овие амандмани ќе бидат поддржани од европратениците идната недела, но извори во Европскиот парламент за МИА велат дека се очекува да има мнозинство за амандманот на социјалдемократите, вклучително и со гласови од Европската народна партија, освен, најверојатно, унгарските пратеници.

Амандманот на зелените се оценува „како помалку избалансиран“ и „преостар“ и за него потешко ќе било тешко да се добие поддршка од другите европарламентарци, велат извори од ЕП за МИА.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Азилантот Груевски ќе ги ужива истите права како унгарските државјани

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Мицкоски е за екстрадција на Груевски и го осудува неговото бегство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК ги започна активностите за продолжување на дејствијата за парламентарните избори

Редакција

Ќе ги однесе ли коронавирусот Куманово и Скопје во карантин како во Дебар?

Редакција

Штрајк со глад на затвореници во „Идризово“, бараат амнестија

Редакција