еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено обвинение за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

„Обвинетото лице се товари дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.

Обвинетиот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страницата www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“.

Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа,“ се вели во соопштението на Обвинителство.

За лицето на сила се претходно определените четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава против обезбедувачот во „Сити мол“ за лажна пријава на бомба

Одредени мерки на претпазливост за обезбедувачот во „Сити Мол“ кој пријави лажна бомба

СДК: Вработен во обезбедувањето на Сити мол пријавил бомба за да го зафркава шефот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За осум дена 111 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот

Редакција

66.8 милиони денари за плати и надоместоци за менаџментот на Гранит лани

Редакција

Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ, порача од Скопје данскиот министер за надворешни работи

Редакција