еМагазин
Image default
Локално

Поднесено обвинение за мајката и очувот на трите деца кои изгореа во пожар во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против две лица – жена на возраст од 38 години и маж на возраст од 46 години, бидејќи секој од нив сторил по три кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетата како родител – мајка на децата на возраст од 4 години, 2 години и 1 година а обвинетиот како родител – татко на детето на возраст од 1 година не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од членовите 44 и 46 од Законот за семејство.

Воедно, обвинетиот како очув на другите две деца исто така бил должен да се грижи за нив со оглед на фактот дека живееле заедно и имал заштитничка позиција спрема нив, но не го заштитил нивниот живот и здравје.

Двајцата обвинети на 20.06.2018 година грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија.

Се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе. Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка пријавила физички напад од таткото и братот

Редакција

Skopje Cocktail Week, настан во градот кој ја слави коктел културата

Редакција

Обид за самоубиство: Жена се фрли од надвозник во близина на амбулантата Пролет

Редакција