еМагазин
Image default
Бизнис

Поевтинуваат горивата

Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, согласно со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98.

Литар дизел ќе се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар.

За 2,028 денари по килограм се намалува цената на маузтот М-1 НЦ и килограм од тој енергенс ќе чини 32,894 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 2,41 процент.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на цената на нафтените деривати на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карбо Нова ги објави акционерите кои поседуваат над 5% од акциите

Редакција

Адора: Речиси една година апелираме кон изнаоѓање решение на проблемот и нема да сме пречка во греењето, бидејќи граѓаните не се виновни за системските пропусти

Редакција

Акциите на Комерцијална, НЛБ Банка и Алкалоид најтргувани на берзата во јануари

Редакција