еМагазин
Image default
Бизнис

Поевтинуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за два, односно за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто во однос на важечките малопродажни цени на нафтените деривати утврдени од страна на трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 71, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за два денара по литар се намалува цената на „еуродизел“ и ќе изнесува 64 денари за литар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ за новата цена на горивата: РКЕ не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Винер“ го доби тендерот за осигурување на вработените во МВР вреден 51 милион денари

Редакција

„Неоком“ го доби тендерот на Министерството за информатичко општество за cloud платформа

Редакција

Бензините поевтинуваат за 1,5, дизелот за 2,5 денари

Редакција