еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Покренато обвинение за три лица за „Рекет“: Јанева зела 50.000 евра, а Боки 13 и Кичеец 1,5 милиони евра од Камчев

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го поднесе обвинението за случајот „Рекет“, во кое се обвинуваат три лица.

„До Основниот кривичен суд е поднесен Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. Две од обвинетите лица се теретат дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, a на првообвинетиот му се става на товар и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Второобвинетото лице се терети дека сторило кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, стои во соопштението на ЈОРМ .

Според Обвинението, првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, од лани во ноември до април годинава, влијаел на второобвинетата Катица Јанева да ја олесни положбата на притворениот сведок Орце Камчев, кој во предметот „Империја“ е еден од осомничените.

Третообвинетиот Зоран Милески – Кичеец ги договарал средбите на Јовановски со сопругата на Камчев, а подоцна и со Камчев, уверувајќи ги во неговото влијание врз тогаш специјалната јавна обвинителка Јанева.

Откако Јовановски и Милески ги добиле договорените 500.000 евра од сопругата на Камчев, Јанева доставила предлог за куќен притвор за Камчев, што Судот го прифатил, а по исплатата на првите 1.000.000 евра, Јанева дала писмена согласност за времено враќање на пасошот на Камчев.

Јанева при тоа, велат од ЈОРМ, за себе прибавила имотна корист – мебел од 296.040 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.

Покрај обвинение, Обвинителството поднело и барање за продолжување на мерките за обвинетите.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

И такото на Боки 13, Миле Јовановски, не чувствува вина за „Рекет“

Обвинението за „Рекет“ открива како ги трошел парите: Боки 13 бил невработен, а живеел луксузно

Најдени сите пари „изрекетирани“ во “Рекет“?

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи и Тупанчевски на свој трошок го следеле фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација во Палермо

Редакција

Обвинителство со жалба за условната казна за сообраќајката кај Млечен, бара затвор за обвинетиот

Редакција

(Видео) Новинарот Салиу го фати премиерот Заев во тесно: Му ги наброја сите примери за непотизам

Редакција