еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Полицајци без маски во Скопје приведоа момче оти шетало куче во полициски час

Неколку полицајци без заштитна опрема во скопската населба Кисела Вода вчера приведоа момче со куче.

Момчетето го шетало кучето за време на полицискиот час, неколку минути пред дозволениот термин за шетање миленици.

Од апсењето на социјалните мрежи се појави и видео, кое предизвика лавина од реакции, а за настанот на Фејсбук синоќа се огласи и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој напиша дека се преземаат мерки за постапувањето на полицајците при приведувањето.

“Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа Фејсбук се споделува видео на кое се забележуваат неколку полициски службеници кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните.

Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници, a за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста, напиша Чулев.

Тој посочува дека Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот.

Неговата заменичка Славјанка Петровска, пак побара санкции за полицајците оти не носат соодветна заштитна опрема.

“Во врска со објавеното видео на кое е прикажано приведување на момче со домашно милениче заради прекршување на полицискиот час, го искажувам своето несогласување со начинот на кој постапиле полициските службеници.

Воедно очекувам и соодветна санкција за нивното непочитување на мерките и неносење на заштитни маски и ракавици. Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме?“, напиша таа на Фејсбук.

Регираа и од Здружението за заптита на животните, “Анима мунди“.

„Во време кога луѓе по улици протестираат или ора играат, а поминуваат неказнето, вака ли изгледа професионалноста на нашата полиција и сразмерна примена на мерки согласно полициските ингеренции во време на вонредна состојба?

Цела полициска станица без никакви мерки на заштита во време на пандемија (со што директно го загрозуваат) приведува момче кое излегло да го прошета кучето – ние во ова гледаме демонстрирање на сила и изживување врз тинејџер и неговиот миленик за што бараме итно, итно идентификување на службените лица и нивно казнување!“, велат од таму.

За лицатата кои имаат домашни миленици е дозволено излегување за време на полицискиот час, три пати на ден, по 30 минути, во 8, 15 и 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хитови“ од најдолгиот полициски час: Оро може, шетање куче не може

“Гевгелиското бе, го знаеш, три напред, еднаш во затвор„: Твитер реакции за орото во Гевгелија

(Видео) Какви мерки, каква корона: Во Гевгелија оро за Велигден

Фото/видео: Фејсбук/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милошоски: Договор за нов Закон за ЈО можеби и ќе се постигнеше доколку Заев не беше токолу нервозен за „Рекет“

Редакција

Радев бара македонските Бугари да бидат дел од Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ

Редакција

Истражители на СЈО ми вршеа закани и притисоци, тврди обвинет во случајот „Тортура”

Редакција