еМагазин
Image default
Локално

Полицајци пукале за да запрат возило во Скопје

На 06.04.2020 во 18.30 часот на мост кон ул.„Лука Геров“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Х.(20) од с.Арачиново, скопско, и В.М.(18) од с.Чајлане, скопско, информира МВР.

На бул.„Ѓорче Петров“ при обид од полициските службеници за сопирање на патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х., во кое сопатничка била В.М., истото не застанало, при што полициските службеници со предупредувачки истрел во воздух го сопреле возилото.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата за исчезнатиот Велешанец продолжува, ЕВН понуди помош на МВР

Редакција

(Фото) Силен дожд со град предизвика поплави во Велес

Редакција

Кичевец застрелан при грабеж на улица: Го нападнале и му одзеле поголема сума девизи и денари

Редакција