еМагазин
Image default
Македонија

Полицаец лишен од слобода, на странци им зел 20 евра

Полицаец вработен во Полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир вчера бил лишен од слобода поради сомнение дека ја злоупотребил службената должност. Тој од странски државјани одзел 20 евра.

Според СВР Тетово, полициски службеници на СВР Тетово вчера (22 септември) околу 13 часот го лишиле од слобода А.Б. (50) од долнореканското село Јанче, откако претходно бил пријавен.

Ден претходно, околу 16 часот и 20 минути, на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, полицаецот запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му одзел 20 евра.

Полицаецот се соочува со кривична пријава, а во ЦВР Тетово работат на целосно расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема тешко повредени во пожарите, укажана им е лекарска помош на десетина поради вдишан чад

Редакција

Јавниот обвинител Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата, знаеме од кои сметки се обезбедени

Редакција

Метлата на Заев ќе зафати министри, заменици и директори, а промени ќе има и во СДСМ

Редакција