еМагазин
Image default
Локално

Полицаец пукал за да спаси колега на кој му држеле пластичен пиштол на слепоочница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривични дела – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштти Обвинителството.

„На 18 мај, обвинетиот 18-годишник, на влезот на селото Кондово, за време на полицискиот час, ги нападнал и сериозно им се заканувал на полициските службеници кои се наоѓале на полицискиот пункт.

Додека еден од полицајците стоел покрај службеното возио, обвинетиот му пришол од зад грб и со левата рака му направил полуга на вратот, а со десната на слепоочницата му вперил пластичен пиштол кој наликувал на вистинско оружје.

Потоа, на другиот полициски службеник му се заканил да не мрда затоа што ќе пука во неговиот колега. На ова, вториот полициски службеник излегол од службеното возило и службениот пиштол го вперил кон обвинетиот, наредувајќи му да го пушти неговиот колега. Бидејќи обвинетиот не постапил по наредбата, туку започнал да се движи наназад, полицискиот службеник испукал еден предупредувачки куршум во воздух. Во тој момент обвинетиот го пуштил нападнатиот полицаец.

Полициските службеници успеале да му го одземат пластичниот пиштол, но при обид да го совладаат, обвинетиот продолжил да дава активен отпор, удирајќи ги со боксови, при што им нанел телесни повреди – контузии и гребаници“, информираат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца го тепале во дисконт на Аминта Трети

Редакција

Опожарени прагови од пругата Велес-Кочани

Редакција

Mасовно труење на кучиња во Неготино

Редакција