еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицијата ќе врши проверки во приватни куќи каде се организираат забави и собири

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватни куќи во кои се организираат забави и собири, со цел да спречи нивно одржување.

– Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири во општина Сопиште и во населеното место Соње, со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, се наведува во заклучоците од вечерашната владина седница на која беа усвоени серија мерки врз основа на препораките усвоени на состанокот на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирусот.

Согласно оваа одлука, кон сопствениците на објектите и присутните лица во нив ќе се преземат соодветни законски мерки поради непочитување на мерките и препораките на Владата за справување со Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

Корона вирусот покажа колку сме себични

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Поради корона вирусот: Пет илјади работници од „Дрекслмаер“ од понеделник ќе користат одмор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија не е дијагностициран делта плус сојот на Ковид-19

Редакција

Кој се е во менаџментот на М-НАВ, кој според Синдикатот го оспорил изборот на кандидати за контролори на летање

Редакција

За три дена 290 нови случаи на Ковид-19, 250 оздравени, нема починати

Редакција