еМагазин
Image default
Македонија

Полицијата го донесе Боки 13 во Обвинителството да даде исказ за „Рекет“

Бојан Јовановски-Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“, попладнево со полициска придружба од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесен во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Тој во изминатите две недели ги разгледуваше доказите – снимките, вештачењата на мобилните телефони, како и исказите на сведоците, со кои Обвинителството го сомничи Јовановски за „перење пари“ и „примање награди“.

Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милески – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Титаник“ на СЈО продолжува во среда

Редакција

Ѓоргиев: Негувањето на сопствениот јазик и култура не може да бидат закана за европските вредности и не е антибугарски чин

Редакција

Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Редакција