Полицијата по распитот, за кој медиумите јавуваат дека траел 10 часа, го ослободи приведениот за лажните дојави за бомби во скопските средни училишта.
„По извршениот службен разговор, во координација со Јавното обвинителство извршен е претрес во домот на Н.Н., кој вчера беше приведен поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје“, соопшти МВР.
Од неговиот дом биле одземени предмети за вештачење.
Платформата “Конзерватив.мк” синоќа на Фејсбук објави дека станува збор за нивниот член и активист, Никола Николовски и дека тој е неправедно уапсен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведено едно лице за заканите за бомби во скопските средни училишта
Кој стои позади лажните дојави за бомби во скопските училишта
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.