еМагазин
Image default
Македонија

Полицијата го повика на разговор Миленко Неделковски

Новинарот Миленко Неделковски во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Велес.

Неделковски, пред неколку часа, самиот на Фејсбук најави дека полицијата е дојдена на вратата од неговиот дом за да го уапсат.

Според извори на истрагата, Неделковски е повикан поради промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци, во коментар што летово го пласираше на својот јавен профил на социјална мрежа.

„Живи гореле на Атика… Не ги жалам… Сите до еден да изгорите“, ова се дел од контраверзните пораки на Миленко Неделковски, за кои му се заканува кривична одговорност.

Основното јавно обвинителство пред три дена отвори истрага за неговите постови на социјалните мрежи, во кои изразува задоволство што летните пожари во Грција однесоа стотици човечки животи.

ОЈО го товари за ширење на расизам и ксенофобија, преку компјутерски систем, од чл.394-г став 1 од Кривичниот законик.

МИА/Фото:Фејсбук/Миленко Неделковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Миленко Неделковски за ширење говор на омра за пожарите во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Таргет – Тврдина“ и „Транспортер“

Редакција

Нови 15 случаи на Ковид-19 од 2.802 тестирања, бројката на активни изнесува 421

Редакција

Затвор од три години за тие што ќе злоупотребат апликацијата за самопопишување

Редакција