еМагазин
Image default
Македонија

Полициски час од денеска од 16 до 5 часот, движење само по двајца

Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови.

Во деновите од викенд (сабота и недела) ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Согласно одлуката на Владата, лицата над 67-годишна возраст од денеска можат да се движат надвор само од 10 до 12 часот од понеделник до петок, а младите до 18 години во работни денови ќе може да излезат од дома само од 13 до 15 часот.

На јавни места е забрането движење на повеќе од двајца граѓани во групи, освен ако се работи за родител со свои деца кои имаат до 14 години.

За земјоделските активности, дозволено е движење во територијата на селата и тоа само за работни потреби.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, како и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

„Исклучоците важат за вработените лица во МВР, припадниците на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институиции опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани“, соопшти Владата.

Што се однесува до маркетите, тие треба да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на државата и непречено да го организираат работниот процес.

Општинските кризни штабови треба да определат маркети кои ќе обезбедуваат најнеопходни намирници за врема на забраната за движење, а оние маркети кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа во сабота и недела.

Штабовите, заедно со МВР, треба да го организираат движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата од утре на работа од 8 до 14 часот

Со посебни дозволи овозможена работа на фабриките, транспортот и доставата и за време на полицискиот час

Од утре измени во возниот ред на јавниот превоз во Скопје согласно новата забрана за движење

Детален преглед на сообраќање на патничките возови за време на рестриктивните мерки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претреси во Скопје: Приведени лица за кражба на електрична енергија кои имале опрема за копање на криптовалути

Редакција

Муса Ибраими, нов пратеник во Собранието, на местото на Талат Џафери

Редакција

Големиот долг на Онкологија почнал да се зголемува последните две години, а се водат и судски спорови

Редакција