еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полициски час уште вечерва, угостителите ќе почнат да работат од задутре

Од утре, 27 мај, престанува важењето на полициксиот час, т.е. одлуката за забрана за движење која Владата ја воведе на 22 март, соопшти премиерот Оливер Спасовски, вечерва на прес-конференција, презентирајќи ги усвоените одлуки на седницата на Владата, кои се, како што рече, врз основа на исполнети услови и од анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Од задутре, четврток, 28 мај, ќе почнат да работат угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за работа во отворените делови т.е. терасите. За работата во затворените објекти и тие што немаат тераси ќе се регулира во наредна фаза.

Од 1 јуни 2020 ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на тековните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон Скопје, организирање на работниот процес со ротации и други слични мерки и препораки.

Таа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа – за просторни услови, физичко растојание, носење лична заштита, итн.

-Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка од оваа одлука ќе има и за родители на деца до 10 години или деца од предшколска возраст за кои ќе се чека одлука за почнување на работа на градинките, рече Спасовски.

Нагласи дека одлуките се донесени врз основа на стручно мислење и од две, како што рече суштински причини – состојбата е под контрола и бројот на активни случаи е стабилен.

Зголемувањето на бројот на дијагностицирани во изминатите денови, рече, се должи на непочитување на рестриктивните мерки од претходната фаза и се познати кластерите.

Втората причина за овие одлуки, нагласи премиерот, се должи на високото стручно и професионално ниво и подготвеност и, како што рече, ни дава за право дека здравствениот систем е поставен така да може да успешно да одговори на предизвиците.

Во нареден период нагласено ќе биде вниманието на актуелните жаришта.

Притоа Спасовски потенцираше дека треба да продолжиме да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме.

-Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет и додека да се најде вакцина, рече Спасовски, додавајќи дека затоа е исклучително важна заштитата – физичката дистанца и носење заштитна опрема.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако има зголемен број заразени со Ковид-19 повторно рестриктивни мерки

Државниот карантин се заменува со домашна изолација со негативен тест на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на математичкиот гениј Македон од Тетово: Добивме големо ништо од државата

Редакција

За Србија и Косово нема европска иднина без имплементација на договорот

Редакција

Јавните претпријатија рекордери во неплатени даноци, а власта ги трупа со заменици директори

Редакција