еМагазин
Image default
Локално

Полициски командир потпомогнат од вработени на ФОН „завршил“ високо образование

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(45) од Куманово, вработен во МВР на РМ на работно место командир на полициска станица за граничен надзор и гранична контрола Пелинце, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против С.Ѓ.(50) од Скопје, заменик генерален секретар на „ФОН“ Универзитетот во Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена положба или овластување“, „фалсификување исправа“ и „фалсификување и уништување деловни книги“, против Б.Р.(47) од Скопје, раководител на студенски прашања на универзитет „ФОН“ Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена положба или овластување“ и „фалсификување исправа“ и против правно лице универзитет „ФОН“ со седиште на булевар „Војводина“ во Скопје, информира МВР.

Првопријавениот Д.Ј., со намера побрзо да се стекне со диплома за завршено високо образование, во февруари 2008 година поднел молба до Полициската академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Скопје од каде добил Уверение дека е запишан како вонреден студент во II година – IV семестар во академската 2007/2008 година и дека има положено 16 испити.

По ова, тој не поднел молба за запишување и не склучил Договор за студирање со Правното лице Универзитет ФОН, а согласно претходен усмен договор, второпријавениот – одговорно лице на универзитетот и третопријавената – раководител на студентски прашања, формирале Комисија за признавање на испити на Факултетот за детективи и безбедност, која на 17.01.2008 година донела Решение пред да му биде издадено Уверението за положени испити од Универзитетот на кој претходно бил запишан, со кое му се признаени 15 испити, без да биде донесено друго Решение за тоа во кој семестар треба да биде запишан.

По ова, првопријавениот поднел пријавен и семестрален лист за запишување на VI семестар, кој не бил даден на одобрување кај Деканот на Факултетот. На тој начин второ и третопријавената му овозможиле од незавршен IV семестар да го продолжи студирањето директно во VI семестар.

„Откако првопријавениот на незаконски начин ги положил испитите предвидени со студиска програма, му било изадено Уверение за положени испити без наведување со стекнат стручен назив со печат на Универзитетот и без потпис од Ректорот. Уверението не било заведено во Деловодната книга на правното лице која во тој период ја водел второпријавениот. По ова, првопријавениот, Уверението за положени испити, најпрво го употребил на 11.09.2008 година кај нотар во Скопје, а потоа го употребил во МВР на РМ за напредување во кариерата“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за тетовец кој силувал 15-годишна малолетничка

Редакција

Се отвара влезот на Охрид кој беше затворен поради градежни работи

Редакција

Кои улици ќе бидат затворени: Посебен сообраќаен режим заради синдикалниот марш

Редакција