еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицискиот час не го почитувале 133 лица, 26 од нив приведени

Забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот на целата територија на земјава во изминатото деноноќие, односно на 23 и 24 март, не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје – 44, при што приведени се 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати.

Покрај ова, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на Владата, а објектот е затворен.

„Севкупно во периодот од 26 февруари до денеска, 24 март издадени се 1.105 решенија за изолација, додека пак 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација“, се вели во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е време за менување партнери: Њујорк издаде прирачник за безбеден сексуален живот

Како граѓаните да закажат тестирање за корона вирусот кај матичен лекар

(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот

Вкупно 148 заболени од корона вирусот: Регистрирани нови 12 од кои седум во Скопје, пет во Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на зејтинот „Брилијант“ намалена за 40 денари, велат од „Витаминка“

Редакција

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка

Редакција

До петок температурата до 35 степени, во сабота дожд, а од недела опаѓање на температурата

Редакција