еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Политичкото фијаско со СЈО аргумент плус за „корпа“ од ЕУ

Како да се од една партија, власта и опозицијата едногласно пресудија распуштање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со што во прашање се доведува и епилогот на случаите што ги покренаа специјалните јавни обвинители против високи политички функционери.

Да, точно е дека СЈО можеби било злоупотребено, што не значи дека под тепих треба да се стават започнатите судски пресуди. Не држи вода ниту објаснувањето дека Државното обвинителство има капацитет да ги заврши овие предмети без специјалните обвинители, бидејќи не треба да се заборави дека СЈО беше формирано токму поради неажурноста и политичките влијанија врз истражните органи и воопшто правосудниот систем од страна на политичките елити.

Затоа попусто вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи оди да се прошета до Брисел каде треба да се сретне со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Најверојатно попусто ќе бидат и неговите патувања до Шведска, Берлин и Варшава каде главна тема треба да бидат македонските европски перспективи.

Залудни се и пораките на министерот за надворешни работи, Никола Димитров за ризиците кои ѝ се закануваат на државата доколку ЕУ не додели датум за старт на преговори во октомври.

Факт е дека Франција, Холандија и уште неколку земји по фијаското односно згаснувањето на СЈО имаат аргумент плус да се изјаснат против доделување датум за преговори на нашата земја, бидејќи никој не сака да биде во Унија со држава во која политичките елити по потреба го поткопуваат правосудниот систем. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

(Видео) „Отвори, отвори“: Како разрешената Катица Јанева ја отвори портата на МВР

Милошоски: Платите на обвинителите во СЈО се од 220-260.000 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Берзанските цени на гасот паѓаат, ЕСМ купува за фиксна и повисока цена

Редакција

(Фото) Запознајте ја Екатерини Сакеларопулу, првата жена претседател на Грција

Редакција

Климатските промени ќе предизвикаат влошување на квалитетот на воздухот, предупредуваат Обединетите нации

Редакција