еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Српска „Политика“: Груевски со лажен пасош побегнал преку Албанија, со „Малев“ од Тирана летал до Будимпешта

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал до Тирана, каде бил прифатен во унгарската Амбасада. Со првиот утрински лет на компанијатас „Малев“ тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта, пишува белградскиот весник „Политика“.

Груевски се наоѓа во Будимпешта каде што од унгарските власти побара политички азил. Претходно во Скопје избегна заминување на отслужување двегодишна затворска казна поради набавка на блиндиран службен „мерцедес“.

Добивајќи информација од своите соработници во системот на власта дека полицијата се подготвува да го уапси, Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал во Тирана.

Таму бил прифатен во aмбасадата на Унгарија, а потоа со првиот утрински лет на унгарската компанија „Малев“ тој од Тирана пристигнал во Будимпешта. Екипажот на авионот воопшто не знаел кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнувал ниту во авионот, пишува „Политика“.

Во моментот кога македонската потерница стапила во сила, а тоа било некаде околу 10 часот претпладне, Груевски веќе бил во Будимпешта од каде им испратил порака на властите во Скопје дека ги надмудрил, но дека ја сака Македонија и дека секогаш ќе биде со неа. Секако, ја сака и слободата, но сопствената, наведува српскиот весник.

Властите во Скопје реагираа со моментно апсење на соработници на Никола Груевски и останува да се истражи кој се му помогнал на поранешниот премиер да побегне од Македонија.

Весникот пишува дека тој несомнено бил под строг полициски надзор 24 часа. Се поставува прашањето како е можно Груевски да ја премине македонско-албанската граница, а да не го идентификуваат македонски и албански гранични служби.

Се знаело дека во претходните месеци му е одземена патната исправа. Кој се има одговорност од македонска, а кој од албанска страна? Или, пак, „големиот брат“ од онаа страна на Атлантикот заклучил дека  е најинтелигентно Груевски да замине во Унгарија, а оттаму да биде џокер за некои идни времиња доколку сегашниот премиер Зоран Заев не биде конструктивен на начин кој го посакуваат и Тирана и Вашингтон, наведува „Политика“.

Симболиката е во тоа што Никола Груевски побегнал во Будимпешта токму од Тирана, а тој беше главниот противник на „Тиранската платформа“, која беше вовед во неговото соборување од власт.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!

Унгарски медими: Груевски најверојатно влегол во Унгарија со возило од Србија, со помош на српските власти

Од бугарското Министерство за правда велат дека Груевски нема бугарски пасош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„После ова во Белград Захариева на апарати“: Твитер реакции за вакцинацијата на Македонци во Србија

Редакција

Нема договор меѓу приватниот превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот засега нема пари за подмирување на долговите

Редакција

“Го следеле тајни служби со жолто југо. Ајде мајката!„: Твитер за следењето на Пендаровски од тајна разузнавачка служба

Редакција