еМагазин
Image default
Македонија

Положани: Пропустите се човечки, веднаш почнав со комплетирање на анкетниот лист за имотната состојба

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, проф. д-р Азиз Положани со соопштение реагира на најаватата од Државната комисија за спречување на корупција дека врз него ќе биде покренета прекршочна постапка заради недоставување анкетен лист за имотната состојба.

“Во времето кога јас бев избран за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Комисијата за спречување на корупцијата беше соочена со сериозни турбуленции што резултираа со оставки на членовите на комисијата, и покрај мојата добра волја не бевме во можност да добиеме прецизни инструкции околу обврските поврзани со Законот за спречување на корупцијата, во однос на  позицијата–ректор на Универзитет.

Во оваа прилика би сакал да Ве потсетам дека Универзитетот „Мајка Тереза“ е новоформиран универзитет, без претходно искуство и наследна функција на ректорот, што може да се должи на недоволното познавање на правните постапки, но не и поради непочитување на законот. Свесен за можноста да направам можен пропуст, ги поздравив предлозите на пријателите на Универзитетот и веднаш започнав со барање начини за нивно надминување.

Затоа, како ректор и како Универзитет, го поздравивме усвојувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата и формирањето на Комисијата со нови членови, а истовремено ги проучивме обврските што произлегуваат од овој закон за раководителите на високообразовните институции, преземајќи конкретни чекори за исполнување на моите обврски како ректор на овој Универзитет.

Веднаш почнав со комплетирање на документацијата, со пополнување на формуларот и истиот го доставив до администрацијата на Комисијата. Барам од пошироката јавност да имаат разбирање за овој пропуст, а истовремено да Ве уверам дека како прв човек на овој Универзитет, строго ги почитувам сите законски обврски.

Верувам во добрата волја на луѓето и во владеењето на правото, па се надевам дека ќе имаат разбирање дека пропустите се човечки, како и обврската истите да се поправат, ако има потреба и со цена предвидена од правните институции“, вели Положани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекршочна постапка против Азис Положани заради недоставување анкетен лист за имотната состојба

Фото: Универзитет „Мајка Тереза“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Честитка од Ахмети во воена униформа за формирање на косовската армија

Редакција

Царовска даде исказ во Обвинителството за случајот со пензиите

Редакција

Османи им се извини на медиумите, ама ДУИ не се откажува од тужби

Редакција