еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полска го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО

Полскиот парламент денеска го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО. За ратификација на Протоколот гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.

Во образложението на Законот за ратификација на Протоколот, се вели дека приемот на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за стабилизирање на Балканот и ќе помогне за продолжување на реформите во тој дел на Европа.

Влезот на Северна Македонија во НАТО, се наведува во законот, е и потврда дека вратата на Алијансата останува отворена, за што Полска силно се залага.

Полска е десетата земја што го ратификува Протоколот. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија и Данска.

Земјите членки на НАТО на 6. февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на земјава во Алијансата.

По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, земјава и официјално ќе стане полноправна членка.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Словачка денеска го ратификува Протоколот за влез на земјава во НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наглиот прекин на испораките на гас од Русија ќе предизвика рецесија, предупредува Институтот за светска економија

Редакција

Владејачката Има таков народ не сака да ја спречи Македонија да влезе во ЕУ, но таа мора да биде доверлив партнер, вели меѓународниот секретар на партијата

Редакција

Во регионот најголем раст на цените на становите има во Македонија

Редакција