еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Помош со прехранбени производи за граѓаните од Дебар и Центар Жупа

Помош за жителите од Дебар и Центар Жупа доаѓаат од македонскиот бизнис сектор во услови на изолација.

Заедно со Црвениот крст се организираат конвои со хуманитарна помош во кризните подрачја. Млеко, млечни производи, месо, овошје и зеленчук како и лекови и производи за хигиена е помошта којашто пристигнува.

“Пријатно не изненадува бизнис секторот во државава. Битолска млекара, Алкалоид, Пивара Скопје, Лотарија на Македонија, приватни месарници и ресторани, се јавија самоиницијативно да помогнат. Тоа е за поздравување и пример за другите компании. Потребна е солидарност од сите сектори за граѓаните на Дебар и Центар Жупа, за полесно да ги поминат овие денови”, вели Сузана Тунева Пауновска Секретар од Црвениот крст на Град Скопје.

Во општините Дебар и Центар Жупа има околу 25.000 жители, кои откако е прогласена кризна состојба, се целосно затворени во карантин којшто е прв прогласен од појавата на коронавирусот во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убав гест од „Номад“: Бесплатно кафе и сокови за персоналот од Државната болница

Пекара „Диман“ со бесплатни појадоци за вработените на Инфективната клиника

БРАВО: Конфекцијата „Кули“ од Прилеп нуди бесплатна изработка на медицински маски за заштита

Фото: Општина Дебар/Црвен крст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВВ „Тиквеш“ со поддршка за националната одбојкарска федерација

Редакција

Со школски прибор до влез на прекрасниот хуманитарен настан „Од децата за децата“

Редакција

Петтото издание на Скопје Синема Сити ќе го отворат Влатко Стефановски и Кит Ричардс, а ќе го затворат Queen и U2

Редакција