еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Помпео од Охрид порача да се чуваме од руско и кинеско влијание

Убеден сум дека Северна Севрна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви посакаме добредојде во Алијансата, истакна американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со премиерот Зоран Заев во Охрид.

Помпео го поздрави, како што наведе, историскиот Договор од Преспа, како и Спогодбата за добрососедство со Бугарија.

– Преспанскиот договор е основа за поблиски економски врски меѓу вашите два народа, особено во енергетиката, како и за поголема стабилноста на Балканот и на цела Европа. Го поздравуваме и Договорорт за пријатество и соработка со Бугарија што придонесува за подобри односи меѓу двете земји, рече Помпео.

Искажа и благодарност за учеството на нашата армија во мисиите заедно со војската на САД, во Ирак, во Авганистан и во борбата против ИСИС.

– Како водечка демократија во светот САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото и борбата против корупцијата. Ги поздравуваме чекорите што ги презема вашата Влада во борбата со корупцијата и сите оние кои ги прекршиле законите и ја злоупотребиле јавната доверба. Борбата со корупцијата е од клучна важност за вашата НАТО и ЕУ интеграција, но уште повеќе за вашата демократија и за граѓаните, изјави Помпео.

Треба да се водите, наведе Помпео, од желба за напредок, а не од руски ботови, тролови и социјални медиуми. Предупреди и за обидите на Кина за наметнување економско влијание во регионот.

Тој изрази задоволство што неговата посета на земјава се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија.

– Растежот на нашиот дипломатски тим го одразува и развојот на нашето стратешко партнерство, ние соработуваме за безбедна и суверена Европа, истакна Помпео.

САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија за доброто на вашите граѓани, на регионот и на светот, порача американскиот државен секретар Мајк Помпео на крајот од заедничката изјава со премиерот Зоран Заев во Охрид.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Претседателот Пендаровски му ја покажа „Вила Билјана“ на американскиот државен секретар Мајк Помпео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под лупа имотот на Рашковски, еве што пријавил во Антикорупциска

Редакција

Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени

Редакција

Немаме проблем со отворање на историските архиви, порача Заев по средбата со бугарскиот премиер Јанев

Редакција