еМагазин
Image default
Македонија

Помпео воодушевен од Охридското езеро: Нашите односи уште повеќе ќе се засилат

Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, напиша на Твитер државниот секретар на САД, Мајк Помпео по официјалната посета на Македонија и средбите во Охрид со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

– Дискутиравме за поддршката на САД за пристапувањето на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, имплементацијата на Преспанскиот договор и економскиот развој со претседателот Пендаровски покрај прекрасното Охридско Езеро. Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, пишува Помпео, кој од Охрид замина за Атина во официјална посета на Грција.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помпео од Охрид порача да се чуваме од руско и кинеско влијание

(Видео) Претседателот Пендаровски му ја покажа „Вила Билјана“ на американскиот државен секретар Мајк Помпео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката „Жан Митрев“ со протестна нота до Министерство за здравство за вчерашниот извештај за починати пациенти од Ковид-19

Редакција

Нова иницијатива до Уставен за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи  

Редакција

(ВИДЕО) Груевски не му одговори на унгарски новинар од што живее во Будмипешта и дали се видел со Орбан

Редакција