еМагазин
Image default
Бизнис

Понуда која не се пропушта – девизно штедење со 4,5 отсто камата

Долгорочно девизно штедење е новиот производ на Стопанска банка а.д. Битола наменет за оние кои сакаат безбедно и сигурно, а брзо размножување на парите без непотребни ризици.

Производот се издвојува од сите останати понуди за штедење токму според повисоката стапка од 4,5 проценти на годишно ниво со период на орочување од 70 месеци.

За првпат домашна банка на пазарот нуди штедење со невообичаено повисока каматна стапка.

Освежување е кога конзервативниот пристап којшто гарантира сигурност во приходите и сѐ уште се наметнува како најбезбеден и најсигурен, класичното штедење во банките ќе се наметне како силна конкуренција.

Од Стопанска банка а.д. Битола објаснуваат дека долгорочниот девизен депозит се карактеризира и со фиксна каматна стапка.

„Минатата година Стопанска банка а.д. Битола прослави јубилејни 70 години постоење на македонскиот пазар, и затоа преку бројот 70 се одлучивме симболично да ја поврземе оваа понуда со нашиот роденден. Сакавме со овој производ да бидеме различни од останатите банки, но и да останеме верен партнер, кој ја вреднува високо лојалноста на нашите потрошувачи. Станува збор за производ што се двои од сите останати на домашниот пазар според висината на каматната стапка која се пресметува на годишно ниво и е фиксна за целиот период од 70 месеци.

Она што е особено важно за потрошувачите е дека сите девизните штедни влогови во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити и тоа во висина од 100 отсто од вкупниот депозит на секое физичко лице до износот на денарската противвредност од 30 илјади евра.

Ова е во согласност со правилата на работа на Фондот за осигурување на депозити. Се разбира, банката има богата понуда од разновидни производи за девизни и денарски депозити и детални информации потрошувачите може да добијат во сите експозитури на банката низ Македонија“, вели Наташа Несторовска, член на управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Ако се направи споредба со сите останати каматни стапки на девизни депозити на македонскиот пазар, забележително е дека се движат до најмногу 1,20 насто на годишно ниво.

Според понудата на Стопанска банка а.д. Битола, минималниот задолжителен влог за орочување на 70 месеци е 100 евра, а каматата се исплаќа годишно, по 12 месеци од датумот на влогот, односно 12 месеци од претходно исплатената камата. Банката нуди и можност за разорочување, односно предвремено повлекување на депозитот со поднесување писмено барање од вложувачот.

По раскинување на договорот се наплаќа 1000 денари надомест за предвремено раскинување на влог. На клиентот му се пресметува камата со примена на каматна стапка по видување, за периодот од датумот на орочување до датумот на повлекување на депозитот.

Понудата која не се пропушта, можете да ја искористите само во експозитурите на Стопанска банка а.д. Битола низ Македонија.

*КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можно ли е шокот во турската економија да се прелее во Македонија

Редакција

Македонските граѓани може да вложуваат во американски државни обврзници

Редакција

НЛБ Банка ќе дели дивиденда

Редакција