еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Понуда од Тиго Фајнанс за промена на договорните услови за кредитни производи

Врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба, финансиското друштво Тиго Фајнанс ја објави Јавната понуда за промена на договорните услови за кредитни производи на компанијата.

Понудата се однесува на сите клиенти на Тиго Фајнанс кои се корисници на кредити по договорите за кредити кои се склучени и исплатени заклучно со 31 март 2020 година.

Понудата подразбира можност за одложување на 70% од обврските за месечни ануитети за месеците април, мај и јуни 2020 година.

Официјалната понуда е објавена на веб страницата на Тиго Фајнанс на следниот линк tigo.mk, каде се повикуваат клиентите на нејзино детално разгледување и постапување согласно дадените насоки.

Клиентите кои ја прифаќаат понудата, не е потребно да испраќаат известување до Тиго Фајнанс, односно, понудата ќе се смета дека е прифатена доколку во рок од 10 десет дена од објавата на понудата, најдоцна заклучно со 19.04.2020 писмено не се произнесат дека истата ја одбиваат.

Корисниците на кредитите кои сакаат да ја одбијат понудата и  да продолжат со редовна отплата како и до сега, потребно е да ја одбијат понудата најдоцна до 19.04.2020 година со испраќање на известување преку еден од следните начини:

– Известување по електронски пат на е-маил адресата [email protected] или преку своите клиентски профили.

– Писмено известување по пошта или директна достава во архивата на Тиго Фајнанс.

– Пополнување на формулар во сите филијали на Тиго Фајнанс.

За времетраење на периодот на одложена наплата, ќе се пресметува договорна камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит, а наплатата на договорната камата од периодот на одложена наплата ќе започне по ставање на кредитот во редовна отплата.

За наведениот период, Тиго Фајнанс нема да пресметува дополнителни надоместоци, трошоци, провизии и/или казнени камати.

Се надеваме дека промените во договорните услови за кредитни производи на Тиго Фајнанс ќе претставуваат олеснување за клиентите кои најсилно ги чувствуваат ефектите од состојбата.

Клиентите пак кои имаат можност и околности да продолжат со редовната отплата на своите месечни обврски, согласно претходно договорената динамика, апелираме така и да продолжат.

Тиго Фајнанс е подготвен да излезе во пресрет на клиентите и нивните потреби за надминување на ефектите од состојбата во следните 3 месеци, но и за периодот по надминување на состојбата, останувајќи секогаш, пријател во најпотребните моменти.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација на ОКТА за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон

Редакција

(Фото) Математичкиот гениј Македон Димитровски го освои сребрениот медал на интернационалниот натпревар „Математика без граници“

Редакција

НЛБ Банка – единствена банка со можност за достава на пензиите на домашна адреса

Редакција