еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

До сега попишани 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови

Вкупно 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 199.819 граѓани од дијаспората.

Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: popis2021.stat.gov.mk.

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче очекува полицијата да стигне до лицата кои не примиле решенија за самоизолација

Редакција

(Вознемирувачко видео) Три деца меѓу 22. убиени цивили во украинскиот град Суми

Редакција

(ВИДЕО) Со Груевски во Будимпешта ручал вработен во Царинската управа

Редакција