еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пописот се одлага за април 2021, ДЗС ќе ги тужи за клевета Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на Пописот на население, домаќинства и станови, Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека, согласно воспоставената меѓународна пракса и искуство, пописните и изборните активности не можат да се одвиваат паралелно. Од таму предлагаат Пописот да се одложи за април 2021 година.

„Во таа насока, Државниот завод за статистика ќе даде предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови, периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот за Попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Воедно, Државниот завод за статистика изјавува дека е подготвен за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со Пописот со сите релевантни чинители во државава“, велат од ДЗС.

Од таму регираат и на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека ДЗС фабрикува извештаи по нарачка на Владата и најавуваат тужба.

„Во врска со изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата одржана на 25.10.2019 година, дека Државниот завод за статистика фабрикува извештаи по нарачка на Владата, директорот на Државниот завод за статистика изјавува дека во целост ги отфрла и демантира изјавите и шпекулациите на Мицкоски како неточни и лажни.

Државниот завод за статистика е професионална и независна институција, чија што работа е под постојан мониторинг и евалуација на Евростат, додека пак економските и монетарните статистики истовремено се и под мониторинг на ММФ. Поради изнесените клевети, Државниот завод за статистика ќе поднесе тужба за клевета до Мицкоски и до ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме сведоштва дека државната статистика лажно го подобрува економскиот биланс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Илјадници граѓани повторно кажаа НЕ на “францускиот предлог“, емотивно обраќање на Ребека

Редакција

И директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски размислува да се кандидира за лидер на СДСМ

Редакција

(ФОТО) Водородните машини на „Брако“ на турнеја низ Франција

Редакција