еМагазин
Image default
Македонија

Поплава во СЈО уништи и оштети докази за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Поплава во подрумските простории на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) уништила и оштетила докази во истрагата „Империја“, објави „360 Степени“, на телевизијата Алсат М.

Станува збор за предметот во кој Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и 10 други лица се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои измама и перење пари. Според доброупатени извори на „360 Степени“ поплавата се случила минатата недела.

Од СЈО го потврдуваат настанот:

„Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките на тој систем, пришто беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат од ова Јавно обвинителство, меѓу кои на „Империја“, „Триста“ и „Шпион“.

Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментот се испитуваат причините за конкретниот дефект и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и проценка на вкупната штета. Инаку, од страна на СЈО осигурени се како објектот, така и опремата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојче Веле: Во СЈО поплавени и материјали за објекти од „Скопје 2014“

Не се уништени докази за „Империја“, тврдат од СЈО

„И сега без докази како ќе знаат кој да амнестираат?„: Твитер за поплавата во СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојата совет се чиста, јас сум жртва на незаконското прислушување„, кажа Јанкулоска во завршниот збор за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Убава вест: 283 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

(Во живо) Расправа за „францускиот предлог“ во Собрание, само уште тројца пратеници се пријавени за збор

Редакција