еМагазин
Image default
Локално

Нема атмосферска канализација: Поплавени велешките улици

Поројниот  дожд со грмотевици, кој попладнево го зафати Велес, предизвика поплавување на главните сообраќајници и улиците низ населбите во градот, како последица на нерешената атмосферска канализација.

Како што информираат од Регионалниот центар за справување со кризи, и покрај големиот број громови низ градот, се уште немаат пријави за прекини на електричната струја во градот и околните населени места, но тие очекуваат тоа да се случи по завршувањето на невремето.

Инаку, секогаш при вакво невреме што предизвикува зголемување на нивото на Вардар, а кој носи и стебла и гранки, има опасност по слабата мостовска конструкција на столбовите на мостот кај Башино Село на влезот во Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко се повредил додека поправал камион

Редакција

Кривична пријава за млада кратовчанка осомничена за дилање марихуана

Редакција

По претрес на домот, приведен дилер на кокаин во Скопје

Редакција