еМагазин
Image default
Македонија

Пополнети 35 болнички кревети на штипското Инфективно одделение

Триесет и петте болнички кревети на штипското Инфективно одделение се пополнети. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека на одделението се лекуваат 34 пациенти со дијагноза Ковид-19, а еден е сомнителен и се чека неговиот резултат од земениот брис.

Раководството на болницата секојдневно проценува дали е потребно или не да се ослободи одделот за Неврологија, а тие пациенти да се преселат на Интерното одделение.

-Ситуацијата е таква, што пациентите кои можат да се лекуваат во домашни услови, се испраќаат дома, оние пациенти кои треба да лежат во болница се на одделението. Морам да кажам дека ситуацијата е под контрола, доколку има потреба се вклучуваат неколку кревети, кои секогаш се на располагање на Инфективното одделение, а и информирани се вработените на Неврологија, доколку има потреба да се ослободат некои простории, вели Шуманска.

На Инфективното одделение се лекуваат пациенти со коронавирусот од целиот Источен регион, нивната состојба е средна, а има над пет пациенти, кои се со потешка, односно имаат потреба од повремена кислородна поддршка.

Инфектологот, Дијана Шишкова за МИА вели дека секојдневно се следи состојбата и се одлучува, дали е потребно да се ослободи одделението за Неврологија во зависност од бројот на пациентите. Таква одлука денеска ќе нема, со оглед на бројот на пациентите на Инфективното одделение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 74 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот

11 лица од новозаразените со корона вирусот неодамна патувале надвор од земјата

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинувањата за неефикасноста на полицијата за време на полицискиот час, за Чулев се политички

Редакција

По ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент: За неполна недела Македонија ќе стане Северна Македонија

Редакција

Придавката „македонски“ не се заменува со уставното име, велат од Комисијата за МИА

Редакција