еМагазин
Image default
Бизнис

Поради човечка грешка набавка за кетеринг во Државниот архив „порасна“ на 6 милиони евра

По опсежните разговори со вработените во финансискиот сектор на Државниот архив е утврдено дека лицето одговорно за јавни набавки направило наводно ненамерна техничка грешка додавајќи на сумата за кетеринг предвидена за цела 2020 година уште 3 нули.

Со тоа сумата од 300.000 денари која е предвидена за кетеринг на изложби, промоции и гости од странство, кои и не мора да бидат потрошени станале 300.000.000 денари, соопшти Државниот архив по реакциите во јавноста околу оваа набавка.

„Тој и самиот го призна тоа и против него веднаш е поведена дисциплинска постапка за несовесно работење“, изјави директорот на Државниот архив, Емил Крстески.

Оттаму додаваат дека вкупниот буџет на Државниот архив е околу 2,5 милиони евра, така што не може за кетеринг да има 6 милиони евра.

„Граѓаните треба критички да ги примаат информациите на јавните мрежи, бидејќи веста за 6 милиони евра за кетеринг е нелогична“, велат од архивот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на „ФЗЦ 11 Октомври“

Редакција

Зетот на Минчо Јорданов назначен за в.д. генерален директор на „Бетон“

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Здравствен дом Скопје за набавка на масло за горење вреден 115.000 евра

Редакција