еМагазин
Image default
Македонија

Поради драстично намалување на бројот на ученици, две училишта во Велес споени во едно

Со одлука на Советот на Општина Велес на последната 18-та седница  одржана минатата недела, а на предлог на градоначалникот Аце Коцевски двете велешки основно училишта „Благој Кирков“ и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ се споени во едно ново ООУ „Панко Брашнаров“ кое е правен наследник на двете училишта.

Градоначалнникот Аце Коцевски за МИА вели дека ваквата одлука е неминовна, бидејќи во изминатите десет години бројот на ученици во двете училишта е драстичн намален за 306 ученици, а што за една третина помалку од учебната 2007/2008 година, кога во двете училишта имало вкупно  983 ученици.

– Неминовно беше, како и затоа што двете училишта се сместени во иста зграда и ние решовме  да преминеме кон рационализација на училишната мрежа, а со цел да го подобриме квалитетот на наставата и да заштедиме финансиски средства. Да потсетам и дека затоа што кога јас дојдов за градоначалник за училиштата во Велес имавме наследено долгови од 500 илјади евра. Ова што ние го правиме е добро оценето од Министерството за образование и наука и од меѓународната заедница. Затоа овој пример треба да го следат и другите општини во Македонија, а меѓународната заедница најавува подршка за општините што ќе ја рационализираат училишната мрежа, изјави Коцевски.

Според него ваквите одлуки се непопуларни, спротивни од популистичките, но верува дека чекорите што ги преземаат се исправни и дека резултатите ќе ја покажат исправноста на нивната политика.

Тој информира дека останува во наредниот период да се реализираат и одлуките за промена на статусот на основното училиште во село Сујаклари каде што се изведува настава од прво до деветто одделение за само дваесетина деца.

– Тое е многу скапо и нерационално и нешто што го нема ни во најбогатите држави како што се Канада, Шведска, Швајцарија Германија, потенцира Коцевски.

Коцевски појасни дека сега Министерството за образование и наука треба да формира специјална работна група и да дојде и и испита дали се исполнети условите за конечно да профункционира новиот правен субјект. Потоа треба да се изврши регистрација во Централен регистер и се да тече како што треба.

Тој рече дека ова е направено во задоцнети рокови, пред самиот старт на новата учебна година, а на што на седницата на Советот остро реагирала опозицијата, а за што образложи дека е така, бидејќи имало промена на министерската позиција, па колективен одмор на Владата, но и верува дека сето тоа ќе се надомести.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

За да може Јанкулоска да го дои синот, рочиштата за „Титаник“ ќе траат до 18 часот и со паузи

Редакција

Во болницата во Дебар има 38 ковид-пациенти, најмладиот е на 36 години

Редакција