еМагазин
Image default
Македонија

Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација 17 лица, од кои шестмина здравствени работници

Поради контакт со заразената жена со Ковид-19 од селото Долно Косоврасти во домашна изолација се најмалку 17 лица, од нив шестмина здравствени работници.

„Во домашна изолација поради контакт се двајца лекари, четири медицински сестри и двајца возачи, еден кој со возило ја транспортирал од селото до Дебар и другиот кој ја транспортирал до Скопје. Во исто време најмалку девет лица најблиски роднини на пациентката се исто така во изолација“, изјави Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар.

Заразената жена на околу 44-годишна возраст која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, беше прв случај на новозаразен по цели педесет дена.

Таа, според Халили, била примена во средата навечер во Општата болница во Дебар,со висока телесна температура и чести епилептични напади.

По напревената консултација, лекарите одлучиле да ја препратат во клиниките за неврологија во Скопје, каде и бил земен брис и по добиениот позитивен резултат на коронавирусот, била префрлена во Инфективната клиника.

Поради контакт, во изолација, како што пренесуваат дел од медиумите, од оваа клиника се тројца лекари, две сестри и четворица болничари

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот се врати во Дебар, нов случај по педесетина дена

Скопје има иста кумулативна инциденца како Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија заболени со Ковид-19

Редакција

Зоран Милески – Кичеец беше на распит во Обвинителството, утре на ред Катица Јанева

Редакција

Избран нов шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар и на пет основни јавни обвинителства

Редакција