еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари

Медицинските маски кои пред неколку недели се продаваа за цена од 8 до 10 денари, сега се продаваат за 40 денари, велат за еМагазин од аптеки во Скопје.

еМагазин пред извесно време пишуваше дека истите ги нема, поради повлекување од страна на Кина. Сега ги има доволно, но со драстично поголема цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Тие пак со дополнителна заштита, се продаваат по цени од над 500 денари.

Од аптеките велат дека за новите цени на маските се „виновни“ добавувачите, кои ги диктираат истите, а не тие и дека пазарната инспекција треба да ги „посети“ нив, а не да оди по аптеките.

Употребата на маски за превенција од корона вирусот за многумина на светско ниво, меѓу кои е и министерот за здравство, Венко Филипче е дискутабилна. Тој смета дека употребата на маските кај лицата кои не се заболени може да ги комплицира работите.

ЌЕ „РИПНАТ“ ЛИ И ДРУГИ ЦЕНИ?

Доколку работите станат посериозни во Македонија, нема да биде никакво изненадување да почнат да растат цените и на други производи, услуги…

Во Грција на пример, како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, има драстичен раст на цените на маските, а поради поголемиот број на заразени лица, кој од вчера е над 100, а ја има и првата жртва, владее „лудило“ за набавка на храна, која брзо ја снемува од рафтовите по супермаркетите, што за брзо ќе придонесе за раст на цената, како што тоа моментално се случува во Италија.

Неколку сектори во Македонија, од туризам до мелничка индустрија информираа дека трпат сериозни последици од кризата која ја предизвикува ширењето на корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

(ВИДЕО) Прво ќе мијат раце, па ќе гласаат: Како ќе изгледаат изборите во Франција, кои не се одложуваат поради корона вирусот

(ВИДЕО) Состојбата во Пјаченца, каде работат илјадници Македонци алармантна: 633 заразени, 50 починати од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската државна компанија за природен гас „Газпром“ има пад на профитот од 40%

Редакција

Како и Заев и Пендаровски нема ни куќа, ни стан: Каков имот пријавил новиот претседател на државата

Редакција

Јанева на судењето за “Рекет“: Камчев како да знаеше за ПИ мерките за „Империја“

Редакција