еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот се препорачуваат во општина Дебар и Центар Жупа, согласно заклучоците на Владата од последнта седница, а по преземените мерки и извештајот што треба да се достави до крајот на денот, Министерството за здравство ќе објави соопштение за можноста од воведување карантин на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

– Во однос на новонастанатата ситуација и локалната трансмисија со ширењето на болеста COVID-19 на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, се задолжува Министерството за здравство, во соработка со центрите за јавно здравје, да преземе дополнителни мерки за заштита од ширење на овој вирус, односно да се мобилизираат медицинските екипи со епидемиолог од Охрид и еден инфектолог или доктор (или инфектологот кој е во работен однос во бањите Цапа да се стави во служба и за потребите на центрите за јавно здравје).

За овие мерки да се достави извештај до крајот на денешниот ден, со цел Министерството за здравство да објави превентивно соопштение на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, за можноста од воведување на карантин, стои во заклучокот од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прво ќе мијат раце, па ќе гласаат: Како ќе изгледаат изборите во Франција, кои не се одложуваат поради корона вирусот

(ВИДЕО) Состојбата во Пјаченца, каде работат илјадници Македонци алармантна: 633 заразени, 50 починати од корона вирусот

(Фото) Нема лабаво: Како Наоми Кембел се штити од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За директорот на Тетекс 5% од ланската добивка на компанијата

Редакција

Прво да се потрошат залихите па ќе се намалат цените, вели Бектеши

Редакција

Кривична за фабрика за канабис од кумановско

Редакција