еМагазин
Image default
Локално

Поради недостаток на лекари: Матичните се вклучуваат во дежурства во службата на Итна медицинска помош во Неготино

Со цел да се подобри достапноста на здравствените услуги за граѓаните во општина Неготино, матичните лекари ќе бидат вклучени во дежурствата во здравствениот дом во службата на Итната медицинска помош, информираа од Министерство за здравство.

„На вчерашната средба на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигугрување, Здравствен дом Неготино и матичните лекари,  донесоа одлука  да се обезбедат 24-часовна здравствена заштита на граѓаните во општината.

Поради недостаток на лекари во Итната медицинска помош, а во  согласност договорените обврски помеѓу Здравствен дом Неготино и матичните лекари, истите се обврзани да обезбедат 24 часовна здравствена заштита на населението.Обезбедување здравствена заштита на населението е врвен приоритет на Министерство за здравство.

Договорна обврска на матичните лекари кои имаат склучено договор со ФЗОМ е да учествуваат во системот на дежурства. Токму затоа, за првпат се воведува вклучување на приватните лекари во дежурства во службата на ИМП во Здравствен дом Неготино, а по потреба ќе се шири и во останатите општини каде има недостаток на лекари во ИМП“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четиринаесетгодишно девојче избегало од дома кај роднините

Редакција

Иранци без документи затекнати на автобуската станица во Охрид

Редакција

Битолчанка му го запалила автомобилот за да „расчисти“ имотно-правен спор

Редакција