еМагазин
Image default
Македонија

Поради несовесната лекарка: Дезинфициран ресторанот „Рагуза 360“, вработените ќе се тестираат за корона вирус

Од ресторанот „Рагуза 360“ денеска преку соопштение информираат дека по одржувањето на симпозиумот на дерматовенеролози не организирале друг настан. Објектот, посочуваат оттаму, е дезинфициран од Институтот за јавно здравје. Тие негираат дека вработените од ресторанот имале контакт со докторката, која е директорка на Клиниката за кожни болести и е заболена од коронавирусот, а која учествувала на симпозиумот.

„Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 7 март 2020, во нашиот ресторан „Рагуза 360“ би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од корона вирус, која предаваше на настанот. По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека телефонски разговарале со своите вработени, како и тие кои што директно служеле во салата.

„Тие засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот“, велат од ресторанот.

Тие додаваат дека откако ја дознале информацијата за заболената докторка, веднаш побарале од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот.

МИА/Фото: Ragusa360.com

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум лица се тестираат на корона вирусот, околу 200 се во домашна изолација

(Фото) Патничките возови се дезинфицираат за заштита од коронавирус

Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот

Четврти случај на коронавирус: Заболена директорката на Клиниката за кожни болести

(ВИДЕО) Морничави сцени од Италија: Коронавирусот ги испразни улиците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сестри, болничари, биолози, лаборант незаконски и без образование, работеле на Клиниката за токсикологија

Редакција

Продолжи штрајкот на регионалните и локалните медиуми со петминутен прекин на програмата секој час и неследење настани

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти

Редакција