еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на обвинителката Стефанова и судијата Ставрев одложено судењето за „Титаник“

Поради барање на обвинителката Лиле Стефанова за одлагање на судењето за предметот „Титаник“ на Јавнто обвинителство денешното рочиште е одложено за 22 октомври.

Судијата Осман Шабани информираше дека обвинителката е отсутна поради службени оврски за закажан состанок со оценска мисија на ЕУ. Врз основа на известувањето службено отсутен е и судијата Огнен Ставрев.

Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од обвинителството. Досега се изведени околу 5.400 од над 5.900 докази.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците од внатрешноста од 1 септември ќе можат да добиваат 500 евра за стан во Скопје

Редакција

Кои пратеници ги предложија законските измени за Бехтел и Енка, со кои конзорциумот нема да плаќа данок, царина и акциза

Редакција

Корона вирусот продолжува да се шири низ Ресен

Редакција