еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на судијата Ставрев одложено судењето за „Титаник“

Поради отсуство на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев одложено е денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Од Кривичниот суд инфорираа дека Ставрев бил отсутен поради отворено боледување.

Во судот денеска дојдоа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство. Новото рочиште е закажано за 19 август.

Освен Груевски, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не се самоисклучивме од претседателството на партијата, туку го напуштивме состанокот, велат „огнените“ од ДУИ

Редакција

Димитров: Не можеме да преговараме за тоа кои сме, каков јазик зборуваме и кој ни е идентитетот

Редакција

СДСМ во вторник ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Редакција