еМагазин
Image default
Македонија

Поранешната директорка на Клиниката за кожни болести, Биљановска пуштена на домашно лекување

Поранешната директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска е пуштена од Инфективната клиника и моментално е на домашно лекување, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што е познато заболената поранешна директорка, која недодамна од Министерството за внатрешни работи заработи и кривична пријава, по патување во Италија, не се самоизолираше и продолжи пет дена да оди на работа.

Таа доведе во опасност стотина колеги и пациенти и затвори две клиники, во Скопје и Штип.

За сега нема официјални податоци, колку вкупно од заболените со вирусот во Македонија се поврзани со овој случај.

Официјално, 5 лица се заболени во врска со Клиниката за кожни болести, соопшти неодамна Филипче, а деновие се одвиваше тестирање во групи на нејзини колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Бев на часови по англиски“: Бабичка од Србија му се „правда“ на полицаец зошто е надвор

Расте бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата

Прв случај на заболен со коронавирусот во Крива Паланка, како изгледа мапата по градови

Скопјанец не се самоизолирал и заразил повеќе лица со коронавирусот, заработи кривична

Фото: Дераматологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден пациент од новопочинати од корона вирусот бил со претходни заболувања

Редакција

Европа и светот прават стратегија како да го скршат ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, вели Мицкоски

Редакција

Петар Богојески немал бугарски пасош: Каракачанов веќе ја преминува црвената линија

Редакција