еМагазин
Image default
Македонија

Поранешната пратеничка Туфегџиќ: Изјави за странски медиуми како на премиерот Заев носат повеќе штета од корист

Со реакција на контраверзното интервју на премиерот Зоран Заев на Фејсбук се јави и поранешната пратеничка, Ивана Туфегџиќ.

“Изјави за странски медиуми како на премиерот Заев носат повеќе штета од корист.

Прво со наведување дека Бугарија “имала тука некаква администрација” се рушат сите напори на историската комисија.

Второ “Бугарија ни е пријател, ама Југославија не делела” е навод кој оди во насока на глупостите на Захариева дека не можеме во ЕУ, ако го славиме Тито (небаре Словенија и Хрватска имаа свечено откажување од Тито пред да влезат во ЕУ).

Трето црвената линија морал да ја посочи премиерот во интервјуто, а тоа покрај јазикот, е антифашистичката борба. Антифашистичката борба е силно втемелена во македонската државност и тоа по ниеден основ не смее да се негира.

И последно премиерот морал да запраша каква е позицијата на ЕУ (и ова мора да биде предмет на разговор) кон ревизионизмот кој го покажува Бугарија. Таков ревизионизам ако е толериран, тогаш фашизмот е пожив од било кога.

Вакви интервјуа ги рушат и напорите на бугарската интелектуална јавност против официјалните бугарски позиции.

Најпоследно, едно е Претседателот и Премиерот да имаат различни мислења, ама сосема нешто друго е Премиерот да го омаловажува искуството на Претседателот, било каде, а посебно за странски медиум“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Од песната „Ние не сме Срби, Бугари ни Грци“ ќе остане само “Ние не сме““: Твитер реакции за интервјуто на Заев

(ВИДЕО) Како во бугарскиот Парламент се славеше окупацијата на Македонија

„Заев ја обвини Југославија дека ги разделила Македонците и Бугарите“: Што пишуваат регионалните медиуми за интервјуто на премиерот

Фото: Фејсбук/Туфегџиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попис: Зголемен бројот на жители и станови во Скопје

Редакција

(Фото) Пронајдени црни шорцеви на плажата Катерини, постои сомнеж дека се на Мартин

Редакција

Граѓански организации бараат ново законско решение: Чуму СЈО ако не може да ги користи „бомбите“?

Редакција