еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот обвинител на СЈО, Бурим Рустеми ќе сведочи за „Рекет”

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Рекет” на кое треба да сведочи обвинителот Бурим Рустеми. Рустеми е трет обвинител од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) што се соочува со обвинетата Катица Јанева.

Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Стефанова вчера сведочеше дека обвинетата Катица Јанева од нејзе барала да се даде позитивно мислење за одредување поблаги мерки за осомничените во предметот „Империја“.

Стефанова рече дека осомничените во предметот „Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Посочи дека со Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Судски ниски страсти“: Твитер реакции за Јанева, Стефанова, „Рекет“, „ороспија“ и „мачето“

Јанева за Стефанова: „Не чинев зошто и го возев мачето”

Јанева изнесена од судница поради недоличните коментари кон Стефанова, ја нарече „гомнарке“, и „ороспијо“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.908 случаи на Ковид-19, од нив 254 се реинфекции

Редакција

УЈИЕ: Анкетата од студенти за барање сексуални услуги од наши професори нема релевантни докази

Редакција

Приведени уште две лица за напад врз полицијата на 5 јули пред Собранието

Редакција