еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Јакимовски доби 30 дена притвор

Поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски доби 30 дена притвор.
“Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство заради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, беа спроведени три лица.

По прозинесување на лицата во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на Т.Ј. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, на С.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП и за К.Ј го прифати предлогот и определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патната исправа, Обврска за јавување во суд, Забрана за напуштање на живеалиштето и Забрана за вршење определени работни активности поврзани со кривичното дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трифун Костовски го продаде „Еуролинк осигурување“ за 17,4 милиони евра

Редакција

Се огласи Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Нови 13 случаи на Ковид-19 од 3.404 тестирања, бројката на активни е 172

Редакција