еМагазин
Image default
Бизнис

Пораст на потрошувачките и станбените, а пад на автомобилските кредити

Во септември, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 1,0% и 0,6%, соодветно, како и годишен раст од 12,8% и 11,9%, соодветно, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Автомобилските кредити, овој месец, оствариле месечен пад од 1,4%, додека на годишно ниво се повисоки за 4,8%.

„Кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,5% и 2,3%, соодветно, додека, негативните салда на тековните сметки оствариле месечно и годишно зголемување од 2,1% и 2,3%, соодветно. Кај кредитите одобрени врз други основи е евидентиран месечен раст од 1,0%, како и годишен пад од 8,2%“, соопшти Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова рекордна недела за БРАКО: 17 испорачани возила во европски земји

Редакција

Индустриското производство во јули пораснало за 3.8%

Редакција

Агенцијата за примена на јазиците вработува 13 државни службеници, плата до 37.968 денари

Редакција