еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поразителни податоци за вакцинацијата: Во Скопје невакцинирани 15 илјади деца на возраст до 14 години

По прогласената епидемија на мали сипаници во населба Радишани, општина Бутел и согласно одлуката на Националната комисија за заразни болести при Министерството за здравство, епидемиолошките екипи од Центар за јавно здравје–Скопје во соработка со вакциналните пунктови при здравствените домови, во периодот од 21 до 24.12.2018 година извршија контрола на моменталната состојба со вакцинацијата со МРП вакцина на деца на возраст од 12 месеци до 14 години на подрачје на Скопје.

-Контролите на терен покажаа дека во Скопје не се вакцинирани вкупно 15.000 деца на возраст до 14 години, согласно препорачаниот Календар за имунизација. Опфатот е посебно низок кај предучилишните деца, односно, од вкупно 39.009 деца (родени во период 2013-2017), дури 11. 256 (29%) не се вакцинирани. Овие податоци се порака до родителите да ја разберат сериозноста на ова заболување и реалниот ризик за проширување на епидемијата во Македонија и навреме да ги заштитат своите деца, посочи на денешната прес-конференција д-р Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје.

Тој потенцираше дека кај 9 од 10 лица, кои биле во контакт со заболено лице, постојат сериозни услови за ширење епидемијата во Скопје и во останатите градови во државата.

Билјана Данаиловска од Центар за јавно здравје-Скопје информираше дека во моментов се пријавени вкупно седум лица со морбили во населба Радишани, од кои шест деца и едно возрасно лице во роднинска врска со едно од заболените деца.

Инаку, во текот на вчерашниот ден е регистрирано уште едно дете од истата предучилишна установа во Радишани со клиничка слика на морбили, за кое се чека лабораториска потврда.

Сите лица се во добра здравствен состојба и во фаза на заздравување. ЦЈЗ-Скопје, преку своите епидемиолошки тимови спроведува соодветни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки, согласно заклучоците на Националната комисија за заразни болести при Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од половината деца родени во 2017 година се невакцинирани: Најниска вакцинација во Центар, Карпош и Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: За кого не важи полицискиот час и кога ќе се шетаат милениците

Редакција

(Фото) Во Грција “Covid free” простори, дел од угостителите “бесни“, нема да ги делат гостите на вакцинирани и невакцинирани

Редакција

Откако Обвинителството ги отфрли кривичните против него, Муареми најави тужба за клевета за Русковска

Редакција