еМагазин
Image default
Македонија

Поразителни резултати: Низок степен на образование во Македонија имаат 17,7% од лицата на возраст меѓу 25 и 34 години

Низок степен на образование во Македонија имаат 17,7 проценти од лицата на возраст меѓу 25 и 34 години, а 8,5 отсто од лицата од 18 до 24 години рано го напуштаат образованието, објави Државниот завод за статистика по повод 24 Јануари – Меѓународен ден на образованието.

Во формалното образование и во образованието надвор од редовниот образовен систем учествувале 10,7 проценти од работоспособното население. Дваесет и пет часа по лице се поминати во образовни активности надвор од редовниот образовен процес.

Во процесот на образованието се опфатени 800 машки и 414 женски деца со попреченост. Од нив 218 посетуваат редовни училишта, а 996 се во специјални училишта.

Според податоците на УНЕСКО, 750 милиони млади и возрасни не знаат да читаат и да пишуваат, еден од пет адолесценти во светот го напуштил средното образование, 262 милиона деца и млади во моментот не одат во училиште, а едно од 11 деца не оди во основно училиште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавноста исклучена од сведочењето на загрозениот сведок за насилството во Собрание

Редакција

Отфрлена кривичната пријава против сопственик на менувачница кој во нужна одбрана лиши од живот две лица

Редакција

Заев слетал на софискиот аеродром поради невремето во Скопје 

Редакција