еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Поразително за човештвото: Голем дел од природата веќе е изгубена, а она што ни е останато, продолжува да се уништува

Експертската група на ОН за биодиверзитет предупреди дека голем дел од природата веќе е изгубена, а она што ни е останато, продолжува да се уништува.

Прелиминарниот извештај од 1.800 страници вели дека природата е извор на безброј богатства – вода, храна, енергија, минерали. Таа е дарежлива кон луѓето.

Уловот на риби во светот се зголемил за 50 отсто во текот на изминатите 50 години.

Над две милијарди луѓе користат дрво како извор на енергија. Помеѓу 25 и 50 проценти од фармацевтските производи доаѓаат од природата.

Растенијата и микроорганизмите играат клучна улога во филтрирањето на водата и чистиот воздух.

Флората и океаните апсорбираат повеќе од половина од емисиите на јаглерод диоксид,  што предизвикува климатски промени.

Но, сите тие блага се предмет на уништување. Луѓето ја експлоатираат и ја загадуваат животната средина повеќе од кога било.

Денес 75 проценти од животната средина на копно, 40 проценти од океаните и 50 проценти од реките покажуваат знаци на загадување.

Речиси 40 проценти од земјиштето се обработува или е дел од урбаната средина. Незасегнати и „во дивината” се само 13 отсто од океаните и 23 отсто од земјата.

Исцрпеноста на обработливото земјиште доведе до намалување на земјоделските приноси повеќе од 20 проценти од површината на земјата, што има влијание на повеќе од три милијарди луѓе.

Од 1990 до 2015 година површината на светските шуми е намалена за пет отсто – од 4,28 милијарди хектари на 3,99 милијарди хектари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таневски, Македонецот кој дизајнира за Мерцедес: Институциите со „северна“ да не го користат моето име и дело

Редакција

(Галерија) “Error Kolektiv“, Сара Реџиќ и Александра Јовановска за крај на есенскиот Моден викенд Скопје

Редакција

Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322

Никола Осило